Скендеровски се врати на чело на футсал репрезентацијата на Македонија

Васко Скендеровски, некогашниот селектор на футсал-репрезентацијата, повторно ќе работи со најдобрите футсалци откако Управниот одбор на ФФМ го назначи за старо-нов предводник на националниот тим.

По неуспешните претквалификации за СП, Иван Божовиќ си поднесе оставка, а на негово место доаѓа Скендеровски. Тој претходно беше предводник на футсал репрезентацијата од 2002 до почетокот на 2016 година.

Футсал репрезентацијата на Македонија под водство на Скендеровски беше на чекор до пласман на Европско првенство во 2015 година, а истата година гол разликата одлучуваше за пласманот на Македонија во бараж за Светско првенство.

Долгогодишниот футсал-работник има освоено 14 титули како првак на Македонија, со тимовите на Скопје, Алфа Парф, Железарец и Велес.