• Зоран Мишевски
Иако федерацијата молчи, а и немаше никакви најави, Васко Скендеровски си поднесе оставка од селекторската функција во македонската футсал репрезентација. Скендеровски оставката му ја соопштил на претседателот Ѓорѓиоски.
„Поднесов оставка на селекторската функција во футсал репрезентацијата. Веднаш по враќањето од Италија за тоа го известив и претседателот, Илчо Ѓорѓиоски. Поради бројните професионални ангажмани во иднина нема да може соодветно да одговорам и на обврските како селектор, па затоа одлучив да се повлечам. Во следниот квалификациски циклус Македонија ќе биде предводена од друг селектор. Јас, во секој случај, останувам во футсал спортот со други функции, носен од желбата и натаму да продолжиме со развојот на оваа игра кај нас“ , рече Скендеровски за ТВ „24 Вести“.
Македонија за малку не се квалификаува во баражот за СП во Колумбија, а исто така по лошата гол разлика не оддалечи од европското првенство во Србија 2016 година.