Скендеровски: Нека им служи да чест на тие што ја направија лакрдијата!

Васко Скендеровски на клупата на македонската футсал селекција

Европскиот првак во футсал, Италија загуби на домашен терен од Словачка и со тоа овие две селекции се радуваат, првата за пласман во Колумбија, а втората во баражот. Горчината останува кај нашите репрезентативци, кои залудно ја совладаа Молдавија со 5-2, бидејќи подоцна стигна веста за сензационалната победа на Словачка над „азурите“ и ние сме елиминирани заради полошиот количник на бодови.

„Ова е историски резултат, голем подвиг, ова е нешто за кое што бев во футсалот минатите 14 години. Конечно покажавме и докажавме дека сме репрезентација достојна за почит иако многумина беа скептици дека можеме да парираме на Европскиот врв во футсалот. Заслугата е пред се на играчите,кои треба да го имаат третманот на спортски херои,момците беа одлични. Навистина немам зборови со кои би го опишал ова чувство,нешто што му го посакувам на секој спортски работник. Знаев дека вложувањето и работата еднаш ќе дојде на виделина. Што однесува до лакрдијата што се случи на натпреварот Италија – Словачка, не би коментирал нешто што се коси со сите норми на спортското однесување. Нека им служи на чест“ изјави селекторот на нашата футсал репрезентација, Васко Скендеровски.

Македонија и во квалификациите за ЕП во Белград во 2016 година, испадна заради послаба гол разлика, а и сега истата причина не им даде шанса да играат во баражот.