Скендеровски: Имаме реални шанси да обезбедиме пласман во баражот

Македонски Футсал репрезентација, квалификаци во Италија

Нашата футсал репрезентација веќе два дена е во Бари, Италија, каде од денес ќе ги започне квалификациите за СП во Колумбија. Репрезентативците на Македонија во текот на вчерашниот ден го одработија првиот тренинг во салата „Палафлорио“ во Бари каде ќе се играат натпреварите од овие квалификации.

Во убава атмосфера нашите репрезентативци го очекуваат првиот натпревар со фаворитот Италија, кој како домаќин ќе ја има подршката од домашната публика. Во пресрет на дуелите селекторот на Македонија, Васко Скендеровски истакна:

„Ова е интересна група. Нашите три ривали се со различен квалитет и различен стил на игра. Италија е фаворит во групата и како домаќин, но и како европски шампион. Дуелот меѓу Македонија и Словачка ќе решава која репрезентација како втора ќе обезбеди место во баражот. Затоа и дуелот со Словачка ќе биде решавачки, бидејќи Молдавија е аутсајдерот во групата. Имаме реални шанси за успех и оваа репрезентација реално е со најголем квалитет и фонд на играчи“.

Во петок, со почеток во 18.00 часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Словачка, додека последната средба од овие квалификации избраниците на Скендеровски ќе ја играат в недела против репрезентаијата на Молдавија од 15.30 часот.