Скендеровски го повика Бразилецот Даниел во македонската футсал селекција

Васко Скендеровски на натпревар на Македонија

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски го објави списокот на играчи, кои ќе бидат дел од македонската репрезентација на квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство. За прв пат во нашата футсал репрезентација ќе игра еден натурализиран репрезентативец, откако пасош доби Бразилецот Даниел Де Соуза од Железарец. На турнирот во Италија од 10. до 13. декември, Македонија ќе игра против Италија, Словачка и Молдавија. Подготовките за квалификациите за пласман на Светското првенство нашата репрезентација ги започнува денеска, селекторот Скендеровски ги повика следните играчи:

Голмани:

Антонио Петровски (КМФ Железарец),Илчо Удовалиев (КМФ Железарец) 

Одбрана:

Зоран Левески (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Драган Петровиќ (КМФ Железарец), Таулант Исмаили (КМФ Железарец) 

Напад:

Даниел Де Соуза (КМФ Железарец), Орхан Ибиши (КМФ Јувентус Серава), Игор Леовски (КМФ Железарец), Дарко Ранготов (КМФ Железарец), Мартин Тодоровски (КМФ Железарец), Адријан Мицевски (КМФ Железарец), Александар Глигоров (КМФ Железарец), Мартин Мехмединовиќ (Црна Река), Иван Крстевски (КМФ Железарец)

„На крајот од годината не очекува и најтешкиот предизвик, а тоа е предизвикот за пласман на СП 2016 година. Собирот од денес до заминувањето за Бари во вторник ќе биде последниот филтер пред престојните три квалификациски натпревари против европскиот првак и домаќинот на овој турнир Италија, Словачка како и против незгодната репрезентација на Молдавија. Не очекуваат три силни натпревари, против три различни и по квалитет и по стил на игра репрезентации. Италија несомнено е фаворит за првото место, а ние нашата шанса за позитивен резултат ќе ја бараме против Словачка и Молдавија. Се надевам дека трендот на позитивни резултати во футсалот кои ја одбележаа 2015 година ќе продолжи и на овој квалификациски турнир“, изјави селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски.