Скендеровски ги отвори картите за квалификациските дуели со БиХ и Романија

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од циклусот за пласман на Европско првенство. 

За пресметката на гостински терен во Зеница (28 јануари) и домашната против Романија (3 февруари), селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи:

ГОЛМАНИ: 
Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски (Арбен Бајрами), Иван Стојановски (Шкупи)

ОДБРАНА:
Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Драган Петровиќ (Шкупи), Даниел де Соуза (Славија Прага, Чешка), Џокица Џо Арсовски (Штутгардер)

НАПАД: 
Иван Крстевски (СК Проект Цико), Александар Глигоров (Шкупи), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон Бојс, Германија), Марјан Костадинов (СК Проект Цико), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Тодоровски (СК Проект Цико), Димче Андов (СК Проект Цико), Еркан Сефери (Шкупи), Јосиф Јованов (СК Проект Цико)

Македонија со сите расположени сили ќе настапи на овие квалификации, единствено Скендеровски нема да може да смета на стандардниот Зибери кој поради проблемите со корона кризата нѐ доби дозвола од неговиот клуб во Италија.