• Сашо Поповски

Фалкао и Рикардињо се најпознатите имиња кои се поврзуваат со футсалот. Дури и тие не постигнале погодок како што деновиве беше виден во Русија.
Андреј Батирев погоди од невозможна ситуација и тоа со пета, во стилот на Марко ван Бастен. Вакво ремек-дело ретко се гледа и заслужува стоечки овации:
КАКОЙ ГООООООООЛ
Андрей Батырев из «Тюмени» положил настоящий шедевр. Ваааааааау pic.twitter.com/1fm4GYxTtU
— Матч ТВ (@MatchTV) October 30, 2022
Голманот Денис Суботин со рака ја исфрли топката преку цел терен, а Батирев ја крена високо ногата и со пета упати удар во противничката мрежа, од „мртов агол“.