Симната круната на Интер и Рикардињо, Спортинг е прв финалист на ЛШ во футсал

Португалскиот шампион Спортинг е првиот финалист на Лигата на шампионите во футсал. На првиот натпревар на „фајнал-фор“ турнирот во Казахстан, Спортинг му ја симна круната на европскиот првак Интер Мувистар од Шпанија.

Екипата во која што игра португалскиот генијалец Рикардињо загуби со 5-3, откако во вториот дел потклекна пред „зелено-белите“.

Бразилецот Диегињо со три гола, постигнати во 23. минута, шест минути подоцна и пред самиот крај, беше творец на триумфот. Првиот гол за победничката екипа го постигна Део, а последниот Кардинал. За шпанскиот шампион погодија Педро Кари со автогол уште во петтата минута и Бебе и Гадеја во самиот финиш.

Попладнево во „Алмати Арена“ се игра второто полуфинале меѓу Барселона и Каират.

Големото финале е предвидено за утре попладне од 17:30 часот.