• Мартин Танасковски
Футсал репрезентацијата на Македонија нема да игра во квалификациите за Светското првенство (СП) по комплетирањето на сите резултати во групната фаза.
Македонија ја победи Шведска на домашен терен и чекаше услуга од Италија. Требаше „аѕурите“ да ги победат Швеѓаните против кои важеа за фаворити на хартија, но не го направија тоа.
На гостински терен, Италија одигра ефикасно реми и меч кој заврши 7-7 против Швеѓаните. Така, Италија оди како лидер во третата квалификациска фаза за СП во футсал, а Шведска како втора ќе игра во квалификациите за светскиот собир.