• Александар Ковачев

Футсал репрезентацијата на Шпанија е последниот полуфиналист на Европското првенство во Словенија, откако во четвртфиналето ја совлада Украина со 1-0.
GOLAZO de Pola!#FutsalEURO #UKRESP pic.twitter.com/1oH6Wi7FjF
— Sandi (@realsplusk) February 6, 2018
„Црвената фурија“ одигра натпрeвар во кој имаше доминација и на крајот сосема заслужено триумфира, иако според резултатот тоа изгледа потешко од очекуваното. Голот кој Шпанија ја одведе во полуфиналето го постигна Пола во 18. минута и на крајот се покажа како доволен за пласман меѓу најдобрите четири во Европа.
Шпанија во битката за финале ќе игра против репрезентацијата на Казахстан и е голем фаворит за пласман во финалето. Во второто полуфинале се среќаваат репрезентациите на Португалија и Русија.