• Александар Ковачев
Во второто коло на ЕП во футсал, кое се одржува во Белград (Србија), репрезентацијата на Шпанија ја совлада Украина со 4-1 (1-0). По денешната победа Шпанија како првопласирана и Украина како втора во групата обезбедија пласман во четвртфиналето од групата Б.
Футсал селекцијата на Шпанија без проблеми го совлада денешниот противник. На полувреме со голот на Алекс во 19. минута Шпанците имаа предност од 1-0. Во вториот дел Ривилос зголеми на 2-0 во 29. минута, а Алекс со својот втор гол на седум минути пред крајот донесе убедливи 3-0. Почесниот погодок за Украина го постигна Грицина во 37. минута, а конечните 4-1 ги постави Ривилос на 10 секунди до крајот.
Во тек е натпреварот помеѓу Португалија и Србија, кои меѓу себе ќе одлучат кој ќе заврши на првото, а кој на второто место во групата А.