Шпанија авторитетно и победнички го почна футсал шампионатот на Европа

Футсал репрезентацијата на Шпанија синоќа со победа го започна европскиот шампионат во Србија и ја совлада Унгарија со 5-2 во рамките на Б групата. Мигуелин постигна два гола, а Бебе, Андресито и автогол на Немет беа стрелци за Шпанија, а Дрот ги постигна двата гола за Унгарија.

Денес на шампионатот се играат натпреварите  Русија – Казахстан и Италија – Азербејџан.

Натпреварите по групи се играат до 9. февруари, а на 11. февруари се полуфиналните дуели. Финалето ќе се игра на 13 февруари во белградска „Арена“.