Шкупи запиша голема победа над Омонија во квалификациите за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Шкупи победи против Омонија Никозија (4-7) и ги запиша првите бодови во квалификациите на Лигата на шампионите.

По убедливиот пораз од Лео во воведниот натпревар, чаирчани одиграа значително подобро од вчера и заслужено се израдуваа на првиот триумф на турнирот во Макарска.

Сефери го отвори резултатот, а потоа противникот постигна два гола за само една минута и направи пресврт. Одговор пристигна од Левески и Алими, кои одново ја вратија предноста кај нашиот претставник.

Левески зголеми на 2-4, но радоста траеше кратко, бидејќи Мантели со својот трет погодок на мечот одново ја врати неизвесноста. Следуваше ефикасен период во кој беа постигнати два нови гола, по еден во секоја мрежа. Маноли израмни, а Сулејман реализира за да ја задржи предноста на македонскиот тим во пресрет на завршницата.

Големата победа ја потврдија Сефери и Димовски со два погодоци за конечни 4-7. Во последното коло утре, Шкупи за противник ќе го има домаќинот Ново Вријеме.