Шкупи во ЛШ ќе гостува кај ривал кој во претходната рунда победи со 28-1!

Македонскиот футсал шампион Шкупи го доби ривалот во 1/16-финалето од Лигата на шампионите, или плеј-офот пред почетокот на главната фаза на најелитното натпреварување во Европа.

Ждрепката посака чаирчани да играат со екипата на Керсон од Украина. Во претходната рунда украинскиот првак ја извојува највисоката победа, затоа што со неверојатни 28-1 славеше над Розарио од Северна Ирска.

За разлика од првата средба со Блу Меџик која се играше во Скопје, Шкупи ќе мора да патува во Украина.

Натпреварите од оваа фаза ќе се играат од 12 до 17 јануари, а победниците одат во следната рунда која УЕФА ја закажа од 16 до 21 февруари.