Шкупи во групата Ц заедно со Дијамант Линц, Макаби Тел-Авив и Луксол во УЕФА Купот

Рекорден број на 56 екипи влегоа во ждрепката за УЕФА футсал Купот 2017/18 година. 24 клуба со повисок коефициент директно се пласираа во главната фаза, додека останатите 32 ќе играат квалификации.

Во осумте групи се најде и македонскиот шампион Шкупи, кој ќе игра во групата Ц заедно со Луксол од Малта, Дијамант Линц од Австрија (домаќин) и Макаби Тел-Авив од Израел.

Квалификациските натпревари ќе се играат од 22 до 27 август, а победниците на осумте групи ќе обезбедат место во главната фаза од УЕФА Купот.