Шкупи - Велес, дерби уште на стартот во футсал лигата

Најдобрите македонски футсал екипи Шкупи и Велес ќе играат на стартот на новата сезона од футсал шампионатот, одлучи денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во новата сезона ќе играат вкупно десет клуба, а уште на стартот ќе се судрат Шкупи и Велес кои до крај на македонските натпреварувања се бореа за титули во првенството и во Купот. 

Во првото коло ќе играат уште Железарец - Црна Река, Гемиџии - Кратово, Шкендија - Цико и Астибо - Јувентус Серава.