Шкупи со пораз од Ново Мијесто се збогува од ЛШ

Футсалците на Шкупи не успеаја да се квалификуваат во главната фаза на Лигата на шампионите, затоа што во клучниот натпревар против домаќинот Ново Мијесто загуби со 4-1 (2-1) и заврши на третата позиција.

Чаирчани победија со Омонија, но немаа сила да се носат со тимот од Макарска кој дојде до историски пласман во елитната рунда. Шкупи го отвори натпреварот лошо, дозволи Ново Мијесто да ја игра својата игра и да се одлепи на 2-0, со погодоците на Осредкар и Бабиќ во 6. и 15. минута.

Глигоров пред финишот на првото полувреме доби топка од Фазлиу и со погодок ја врати неизвесноста и намали на 2-1, меѓутоа хрватскиот тим во вториот дел ја сфати работата сериозно, па со два гола на Бабиќ и Мусинов го потврди пласманот во елитната фаза. На триесетина секунди пред крајот, втор гол за Шкупи постигна Зоран Левески, по асистенција на Глигоров, за конечни 4-2.

Шкупи ја заврши групата со три освоени бода, благодарение на победата на Омонија во рамки на второто коло.