Шкупи со пораз ја стартуваше главната квалификациска фаза за ЛШ

Македонскиот футсал шампион, Шкупи, по одличниот настап во првата фаза од квалификациите за Лигата на шампионите, забележа пораз во првото коло од главниот квалификациски турнир. 

Подобри од чаирчани беа футсалците на Лео од Ерменија, кои со убедливи 7-2 го започнаа турнирот во Макарска. Кај Лео се истакнаа Жуниор со три гола, Покаија со два, а по еден постигнаа Де Лиз Мота и Де Соуза. За Шкупи прецизен беше Алими, а вториот погодок беше автогол. 

Македонскиот тим утре го чека нов тежок дуел со Омонија Никозија, додека во последното коло за противник го има домаќинот Ново Вријеме.