Шкупи се врати на футсал-тронот во Македонија

Екипата на Шкупи забележа успех и дојде до тронот во македонскиот футсал-шампионат кој од минатата сезона му припаѓаше на тимот на КМФ Проект.

Чаирчани се вратија на тронот со триумф над Шкендија (4-0) во последната рунда и така ги освоија потребните бодови да се вратат на тронот и да дојдат до место во квалификациите за Лигата на шампионите.

Шкупи актуелната сезона ја заврши со 51 освоен бод и само еден пораз на контото, пред бранителот на титулата КМФ Проект кој заврши втор, а потоа следат КМФ Железарец и КМФ Арбен Бајрами.