Шкупи против шампионот на Ирска во квалификациите за ЛШ

Македонскиот футсал-шампион Шкупи го доби ривалот во првата рунда од квалификациите за Лигата на шампионите.

Ждрепката беше одложена двапати, па чаирчани од „трета среќа“ го добија шампионот на Ирска. Шкупи во првото квалификациско коло ќе игра против Блу Меџик Даблин, а победникот од овој натпревар ќе патува меѓу 32-те најдобри во Европа.

Според правилата, Шкупи ќе биде домаќин, а натпреварот ќе се одигра од 24 до 29 ноември. Терминот и местото на одигрување допрва ќе се дефинираат.