Шкупи против Овче Поле, Велес на гости кај Карадаку во футсал Купот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку ждрепка ги одреди паровите за осминафиналето во футсал Купот на Македонија.

Шкупи ќе биде домаќин на Овче Поле, додека некогашниот првак Велес ќе гостува кај Карадаку во Липково. Дебитантот Клими Кавадарци ќе се соочи со Биџо, додека Кратово ќе биде домаќин на Јувентус Серава.

  • Осминафинале, Куп на Македонија:

Лозар - Железарец
Кеги Моби - Мал Ајакс
Проект Цико - Астибо
Клими Кавадарци - Биџо
Карадаку - Велес
Црна Река - Арбен Бајрами
Кратово - Јувентус Серава
Шкупи - Овче Поле

Натпреварите во футсал Купот на Македонија се играат на 3 и 4 февруари.