Шкупи подготвен за подвиг: Шампионите на Велс, Андора и Летонија ќе паднат во Скопје

Шампионот на Македонија во футсал, скопски Шкупи спремен ги дочекува квалификациите за Лигата на шампионите. Чаирчани се организатори на групата Б и ќе се соочат со Локомотив Даугавпилс од Летонија, Кардиф од Велс и Енкамп од Андора.

Натпреварите од среда до петок ќе се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје.

28 август
17:30 - Локомотив Даугавпилс – Енкамп
20:00 – Шкупи – Кардиф

29 август
17:30 – Кардиф -  Локомотив Даугавпилс
20:00 – Шкупи – Енкамп

30 август
17:30 – Кардиф – Енкамп
20:00 – Шкупи -  Локомотив Даугавпилс

Само победникот на групата ќе се квалификува за следната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА.