Шкупи ќе биде домаќин и доби поволна ждрепка во квалификациите за ЛШ

Футсалците на Шкупи ќе се натпреваруваат во главната квалификациска фаза на УЕФА Лигата на шампионите. Првакот на Македонија ја доби групата и веќе е сместен во осмата конкуренција со Хрудим од Чешка, како и победниците на групите Г и Х во прелиминарната рунда. 

Од првата квалификациска фаза, Шкупи чека противници во две конкуренции. Во групата Г играат Диферданж (Луксембург), АПОЕЛ (Кипар), Тирана Футсал (Албанија) и Белфаст Јунајтед (Северна Ирска), додека во конкуренцијата Х се натпреваруваат Лученец (Словачка), Блу Меџик Даблин (Ирска), Космос Талин (Естонија) и Кардиф (Велс). По комплетирањето на прелиминарните рунди од 23 до 28 август, ќе има пауза до октомври. 

Шкупи исто така ја доби довербата и ќе биде домаќин на групата 8 на патот кон елитната рунда во Лигата на шампионите. Така, Хрудим и најдобрите екипи од групата Г и Х ќе гостуваат во Скопје за пласман понатаму. Ова е одлична шанса за чаирчани кои имаат високи амбиции. Главната квалификациска фаза е закажана од 25 до 30 октомври. 

Потоа, ако Шкупи мине понатаму елитната фаза е планирана од 22 до 27 ноември, додека финалните дуели се во април и мај.