Шкупи ја обедини „двојната круна“ во македонскиот футсал

Екипата на Шкупи продолжи со успесите во футсалот и ги обедини двете титули во Македонија - титулата во домашното првенство и во Купот на Македонија.

Откако станаа шампиони во лигата, чаирчани беа доминантни и во Купот, затоа што во финалето кое се играше во салата „Јасмин“ во Кавадарци, со убедливи 6-3 славеа над скопски Железарец.

Погодоците во финалето за победниците ги постигнаа Далип, Рамадани, Фазлиу, Алили, Сулејмани и Шабани.

Поради успехот, Шкупи ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.