Шкупи испиша историја – му даде 37 ГОЛА на Кратово!

Футсал шампионот на Македонија, екипата на Шкупи, испиша историја на домашната сцена и во дуелот со Кратово славеше со неверојатни 37-0.

Фаворитот на овој натпревар беше немилосрден и како никој досега ја наполни мрежата на кратовчани до врв. 

Најискусниот во тимот, Зоран Левески, постигна 14 гола, што исто така е уште еден импресивен рекорд. Еркан Шабани беше стрелец на седум гола, Исмет Чека даде шест, Бурак Мемеди имаше четири, Иван Сотировски три, а Арсим Фазлиу и Никола Димовски по еден. Еден од головите беше и автогол.

Ова е највисоката победа во историјата на футсал шампионатот на Македонија.