Шкупи и Велес убедливо победија пред второто сезонско дерби

Футсалците на Шкупи грабат кон есенската титула во шампионатот на Македонија и ја запишаа деветтата победа од исто толку натпревари. Екипата од Чаир пред своите гледачи славеше против КМФ Црна Река со 6-1 и ја потврди супериорноста скоро на сите натпревари сезонава.

Убедлив беше и второпласираниот Велес, кој ја декласира екипата на Астибо со 15-4. Победи запишаа и Јувентус Серава против Гостивар со 11-5, СК Проект-Цико кој ги надигра Гемиџии 1903 со 3-0 и Железарец кој со цел плен се врати од Кратово (5-8).

На врвот на табелата на нашиот футсал шампионат цврсто стои Шкупи со максимални 27 бода, пет бода повеќе од Велес. Во следното коло двете екипи играат меѓу себе на теренот во Велес.