Шкупи и „Шверцери“ гости на Динамо Загреб и во футсал

Екипата на Шкупи игра со Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите, но тоа нема да биде единствен пат „БББ“ и „Шверцери“ како и колективите да имаат свое соочување во спортот.

Шкупи и „Шверцери“ ќе бидат специјални гости на Динамо на деветтата спортско-навивачка манифестација „Динамо на Шалати“. На култниот загрепски стадион ќе се соочат македонскиот првак со хрватскиот тим и ќе се продлабочат односите на двете навивачки групи.

Од футсал-тимот на Динамо Загреб посочија дека ова гостување е добра шанса за продлабочување на соработката на двете навивачки групи и успешен старт на соработката на двата колектива за иднината.

Деветтото издание на настанот ќе се одржи меѓу 2 и 4 септември, во зависност од натпреварот меѓу Динамо Загреб и Ријека на „Максимир“.