• Зоран Мишевски
Фудбалската федерација на Македонија ја одреди Струмица и спортската сала „Парк“ за домаќин на финалниот натпревар од Купот на Македонија во футсал помеѓу Шкупи и КМФ Велес.
Натпреварот за титула ќе се одигра на 28 мај, а двете екипи се во мртва трка и за освојување на титулата од шампионатот.
Минатата сезона Куп трофејот го освои Железарец, кој триумфираше на финалниот натпревар во спортската сала „Младост“ во Битола.