• Зоран Мишевски

Македонскиот шампион во футсал, Шкупи се засили со еден од најдобрите играчи во историјата на нашиот футсал. Имено, Зоран Левески кариерата одлучи да ја продолжи во Шкупи и потпиша договор на една сезона.
Пристигнувањето на Левески е одлична вест пред главната фаза од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите на УЕФА.
„Капитенот на македонската футсал репрезентација доаѓа во Шкупи од тимот на Велес, а за нас ќе биде големо засилување за новата сезона во домашното првеноство но и за натпреварите во главната рунда квалификациите од Лигата на шампиони на УЕФА“, стои во соопштението на Шкупи.
Ново Време од Макарска, шампионот на Кипар, Омонија и ерменскиот Лео футсал клуб се противниците на „сино-белите“ во квалификациите на Лигата на шампионите. Домаќин на групата ќе биде хрватскиот клуб, кој и по рејтинг е фаворит за пласман во групната фаза.