• Зоран Мишевски

Футсалците на Шкупи извојуваа победа во дербито од седмото коло на шампионатот на Македонија, откако пред своите гледачи го совлада тимот на Шкендија со 9-3. Лесна победа извојува и второпласираниот Велес, кој го доби дуелот со Гемиџии 1903 со 7-3.
Надраматичен беше мечот меѓу Јувентус Серава и Железарец, а домаќините славеа со 6-5. Футсал екипата на Астибо славеше против Црна Река со 5-3, а СК Проект-Цико го надигра тимот на Кратово со 8-3.
Со максимални седум победи, Шкупи е лидер со 21 бод, пет повеќе од Велес.