Шкупи го декласира Макаби Тел Авив на стартот од квалификациите за УЕФА Купот

Футсал екипата на Шкупи го декласираше Макаби Тел Авив од Израел во рамки од првото коло од квалификациските натпревари за УЕФА Купот.

Иако имаа негатива по само три минути, играчите на актуелниот македонски шампион направија пресврт и врзаа пет гола за конечна победа од 5-1. Стрелци на головите за македонскиот претставник беа Алими, Незир, Сефери и Ибиши (2).

Во следното коло, Шкупи ќе игра против Луксол Ст. Ендрјус од Малта, а мечот се игра в четврток со почеток од 18.00 часот.