Шкупи ги избегна пиринејските гиганти, има четири можни ривали во ЛШ

Македонскиот футсал-првак Шкупи ги доби потенцијалните ривали во плеј-офот од футсал Лигата на шампионите.

Чаирчани се најдоа во групата 3, а на ждрепката ги избегнаа пиринејските гиганти од Шпанија и Португалија. Шкупи е меѓу неносителите, а можни ривали се Каират Алмати (Казахстан), Актобе (Казахстан), Херсон (Украина) и Витис (Литванија).

Ждрепката во Лигата на шампионите во футсал е закажана в среда од 14:00 часот, а натпреварите ќе се играат меѓу 12 и 17 јануари.