Шкупи ги дозна ривалите во ЛШ, го чека тежок плеј-оф

Македонскиот шампион во футсал, екипата на Шкупи, се пласира во плеј-офот од Лигата на шампионите, но во последната рунда пред елитната фаза нема да го очекува воопшто лесна задача.

Чаирчани славеа над Блу Меџик од Република Ирска (3-0) и на ждрепката се наоѓаат меѓу неносителите. Меѓу потенцијалните ривали има футсал гиганти како што се Барселона, Интер, Спортинг, Бенфика, Каират...

И останатите ривали се со висок рејтинг и далеку подобар буџет од оној на македонскиот првак, па јасно е дека тимот ќе има тежок плеј-оф. Засега познати се 15 носители, а последниот ќе биде Лео од Ерменија или Беретиоујфалу од Унгарија.

Ждрепката за оваа фаза е закажана на 9 декември. Плеј-оф натпреварите ќе се играат од 12 од 17 јануари.