Шкупи единствен максимален во македонската футсал лига

Футсалците на Шкупи останувата единствена екипа со максиммален учинок по шест одиграни кола. Екипата од Чаир овој викенд во Велес славеше против Гемиџии со 1-7 и ја наметна улогата на фаворит за освојување на титулата.

КМФ Велес во Скопје го совлада КМФ Железарец со 5-8, а Јувентус Серава со полн плен се враќа од Кратово, по победата од 2-4. СК Проект-Цико донесе гостински бодови од теренот на Црна Река (2-4), а најдраматично беше во мечот на Шкендија и Астибо, каде гостите славеа со 9-10.

Шкупи е лидер со максимални 18 бода, пред Астибо со 12 и КМФ Велес со 10 бода.