Шкупи доживеа катастрофа на стартот на квалификациите за ЛШ

Македонскиот футсал првак, екипата на Шкупи, со висок пораз ги отвори квалификациите за елитната рунда во Лигата на шампионите.

Чаирчани на турнирот на кој се домаќини во СЦ „Јане Сандански“ доживеаја дебакл од Диферданж од Луксембург, кој успеа да постигне девет гола во мрежата на македонскиот тим (2-9).

Хет-трик во мрежата на Шкупи даде Мартинез, двапати стрела Дани, а еднаш за тимот од Луксембург погодија Рејала, Гасман, Мареко и Гомез. Двоен стрелец за Шкупи беше Зоран Левески.

На вториот дуел во групата, Чурдим од Чешка и Лученец од Словачка одиграа без победник (2-2).