Шкупи доби нов термин за дуелот со ирски Блу Меџик во ЛШ

Македонскиот футсал првак, Шкупи доби нов термин за одигрување на првиот натпревар од квалификациите во Лигата на шампиони.

Европската фудбалска федерација најнапред соопшти дека дуелот на Шкупи со ирскиот првак Блу Меџук Даблин ќе се игра на 29 ноември, а денес натпреварот го премести за 27 ноември од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Шкупи е изразит фаворит, иако сезонава не е во вообичаен ритам заради пандемијата од ковид-19.

Натпреварот ќе се игра без присуство на гледачи.