Шкупи доби домаќинство за претквалификациски турнир за ЛШ

Македонскиот футсал шампион Шкупи ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.

УЕФА потврди дека нашата најдобра екипа ќе биде дел од квалификацискиот циклус за влез во елитата. Исто така, чаирчани добија можност да бидат домаќини на претквалификациски турнир кој се предвидува да се одржи во Скопје од 27 август до 1 септември.

Шкупи на крајот од сезоната прослави двојна круна - титулата во домашното првенство и во Купот на Македонија.

Минатата година шанса да игра во најсилното футсал натпреварување во Европа имаше КМФ Велес, но ги заврши настапите во претквалификациската фаза за Лигата на шампионите со поразот во клучниот меч во борбата за првото место од Валета од Малта (5-8).