Шкупи даде достоен отпор, но „железарците“ се разбудија по одморот за нова победа

Футсал-Железарец-Шкупи

Првакот Железарец очекувано дојде до победа во заостанатиот натпревар од третото коло во Првата македонска футсал лига. Железарец победи со 5-1(1-1) против жилавиот Шкупи. На првиот гол се чекаше до 10. минута, кога Даниел постигна гол по додавањето на Глигоров. Во финишот на првиот дел гостите успеаја да израмнат преку Сефери во 20. минута и со тој резултат се отиде на одмор.

Во вториот дел многу подобра и поефикасна игра на Железарец. Во 25. и 30. минута Тодоровски постигна два гола по асистенциите на Даниел и Левески. Прашањето на победникот беше решено во 37. минута, кога Исмаили постигна гол по додавањето на Даниел, а во истата минута Леовски го постави конечниот резултат 5:1 на асистенција на Тодоровски. 

Со оваа победа Железарец се искачи на првата позиција на табелата со максимални 15 бода од пет одиграни натпревари.