Шеста светска футсал титула за Бразил, „кариоките“ го расплакаа вечниот ривал

Футсал репрезентацијата на Бразил по шести пат стана светски шампион откако славеше со конечни 2-1 над големиот ривал, Аргентина, во финалето на Мундијалот кој се одржа во Узбекистан. 

За „кариоките“ ова е прва светска титула после дванаесет години, а бронзениот медал замна кај селекцијата на Украина, која направи историски успех и ја совлада Франција со 7-1 во „малото финале“. 

На овој меч маестрално издание имаше Данил Абакшин, кој запиша хет трик и ја дели „сребрената копачка“ со Аргентинците Кевин Ариета и Алан Бранди. Најдобар голгетер е неверојатниот Марсело од Бразил, кој запиша вкупно десет голови.