Шампионот поразен, чаирското футсал-дерби за Арбен Бајрами

Екипата на Арбен Бајрами во рамки на 8. коло од македонската футсал-лига славеше над Шкупи (5-3) и скокна на второто место на табелата.

Гостите се новоформиран футсал-клуб, но почнуваат да покажуваат резултати. Славеа над Шкупи во чаирското дерби и на шампионот му зададоа удар.

Головите за екипата на Арбен Бајрами ги постигнаа Стојковски и Омерагиќ кои стрелаа по двапати како и Рамадани, додека за Шкупи во листата на стрелците се запишаа Незири, Чека и Петровиќ.

Арбен Бајрами е на второто место во футсал-шампионатот со три бода помалку од лидерот КМФ Проект, додека Шкупи е третопласиран.