ВИДЕО: Сензационална елиминација на Бразил на СП во футсал, Рикардињо со две нови мајстории против Костарика

футсал Светско првенство во Колумбија

Вчера се одиграа три осминафинални меча од Светското првенство во футсал, кое се одржува во Колумбија. На големо изненадување бранителот на титулата, репрезентацијата на Бразил беше елиминирана од Иран (2-3), по изведувањето на пенали. Ова беше тажен крај за Фалкао, кој го играше последното големо натпреварување во дресот на „кариоките“. 

Вицешампионот од пред четири години, Шпанија рутински стигна до најдобрите осум, со лесна победа над Казакхстан (5-2).

ШПАНИЈА - КАЗАКХСТАН 5-2:

БРАЗИЛ - ИРАН 4-4 (ИРАН ПОБЕДИ СО 3-2 ПО ПЕНАЛИ):

Најголемата ѕвезда на Мундијалот, Рикардињо одново беше брилијантен за Португалија и со два прекрасни гола беше заслужен за победата над Костарика од 4-0.

ПОРТУГАЛИЈА - КОСТАРИКА 4-0:

Претходно, во четвртфиналето се пласираа Парагвај и Русија, а утре ќе се одиграат последните три четвртфинални меча: Аргентина - Украина, Италија - Египет и Тајланд - Азербејџан.