• Зоран Мишевски

Македонија од денес има нов футсал шампион и тоа за првпат е екипата на Шкупи. Иако на почетокот од шампионатот никој не ги вбројуваше меѓу кандидатите за тронот, сепак фудбалерите од Чаир на крајот завршија пред фаворизираниот Велес, кој практично е цела екипа на ланскиот шампион Железарец.
Во последното коло и големото дерби, Шкупи одигра 3-3 на домашен терен против Велес и низ целта мина со 68 поени, три повеќе од второпласираниот тим на Велес.
Во Чаир веќе се слави големиот успех и пласманот во Лигата на шампионите. Шкупи може да се надева и на двојна круна, бидејќи ќе игра во финалето на Купот на Македонија против Велес на 28 мај во Струмица.