Сефери, Глигоров, Агуши, Петровиќ: КМФ Шкупи значително се засили

Шампионот на Македонија во футсал, КМФ Шкупи значително се засили пред почетокот на квалификациите за Лигата на шампионите. Чаирчани денес официјализираа уште две познати имиња и национални репрезентативци. На КМФ Шкупи му пристапија Ерхан Сефери и Александар Глигоров.

За Сефери трансферот претставува враќање во мак-футсалот по настапите минатата сезона на Косово. КМФ Шкупи вчера ги доведе Агуши и Петровиќ и ростерот е далеку подобар од минатата сезона.

Целта на чаирчани е што подобро да се екипираат пред последниот филтер за влез во Лигата на шампионите. КМФ Шкупи на 1 септември во Скопје ќе го организира претквалификацискиот турнир во Лигата на шампионите во Футсал.

Локомотив (Летонија), Кардиф (Велс) и Енкамп (Андора) се противниците на Шкупи за пласман во главната ждрепка на најсилниот европски Куп во футсал.