Седум држави се заинтересирани за ЕП 2022 во футсал

Футсал

УЕФА потврди дека добила седум кандидатури за Европско првенство во футсал закажано за 2022 година.

Меѓу нив се БиХ, Холандија, Франција, Литварнија, Казахстан, Португалија и Шведска. Рокот за поднесување на апликација заврши на 21 јануари, а конечната одлука ќе се донесе во септември оваа година. Кандидатите ќе имаат можност да ги подготват сите документи до 30 мај.

Започнувајќи од 2022 година континтенталните собири ќе бидар проширени на 16 репрезентации и ќе се одржуваат на секои четири години.

Титулата од минатата година ќе ја брани селекцијата на Португалија.