• Сашо Поповски
Денес, во соседна Србија, започнува десеттото по ред Европско првенство во футсал. Домаќин ќе биде „Комбанк“ арената во Белград, каде 12 екипи ќе се борат за титулата.
Екипите се поделени на четири групи, од по три репрезентации. Првите две екипи, од секоја група, се пласираат во четвртфиналето на турнирот. Најголеми фаворити за титулата се Шпанија, која е најуспешна во ова натпреварување со шест тиули (1996, 2001, 2005, 2007, 2010, 2012), потоа Италија, која е бранител на титулата од 2014 година и Русија, кој се има закитено со европската круна само еднаш, во далечната 1999 година.
Турнирот ќе започне денес, во 18.30, со натпреварот на домаќинот Србија и Словенија. Финалниот натпревар е закажан за 13. февруари.