Савиола им донесе поволна група на футсалците на Шкупи

Шампионот на Македонија во футсал, скопски Шкупи денес ги дозна своите противници во групата во прелиминарната фаза од Лигата на шампионите. Чаирчани ќе бидат организатори на групата Б и ќе се соочат со Локомотив Даугавпилс од Летонија, Кардиф Универзити од Велс и Енкамп од Андора.

Ждрепката им беше наклонета на футсалците на Шкупи и од око македонскиот првак има реални шанси да го освои првото место во групата. Минатата сезона КМФ Велес не успеа да ја прескокне првата пречка во евро-натпреварувањата. 

Ждрепката ја изврши поранешниот аргентински репрезентативец Хавиер Савиола.