Садат Зибери - идната футсал звезда на Македонија од Динамо Загреб

Новиот селектор на футсал селекцијата на Македонија, Иван Божовиќ за пријателскиот меч со Босна и Херцеговина, во отсуство на неколку стандардни репрезентативци, повика нови надежи, од кои најитересно е името на Садат Зибери од хрватски Динамо. Станува збор за еден од најдобрите футсал играчи во првенството на Хрватска, кој зад своето има имаа неколку настапи и за тамошната У 21 селекција.

„Роден сум во Тетово но како мал со моето семеејство се преселивме во Хрватска каде што завршив основно и средно училиште. Скоро 10 години тренирав и голем фудбал, но на крај се одлучив за футсалот и не згрешив. Првите почетоци со овој спорт ми се во составот на Загреб Запад од каде што преминав во Алумнус со кој станав првак на Хрватска до 18 години. За само две години бев прекумандуван во сениорскиот тим, со кој станав шампион на Хрватска. Од сезонава сум дел од Динамо, каде што се преселив бидејќи мислам дека има најдобри услови и шанси за развиток“, изјави Садат.

Зибер кој има 23 години игра не бековската позиција, како и кружен напаѓач, а сезонава со 22 гола е втор стрелец во екипата на Динамо која е трета на табелата, зад лидерот Национал и екипата на Сплит која е второпласирана.

Составот на Динамо Загреб е нешто најдобро што му се случило на овој спорт во Хрватска. Играме пред полни сали било тоа дома или гости. „Бед Блу Бојс“ кој впрочем се газди на клубот прават таква неверојатна атмосфера, тоа го нема никаде во светот, тие се буквално нашиот шести играч“, изјави Зибери.

Овој надежен фудбалер од кој се очекува во иднина да биде нов предводник на нашата селекција, открива како дошло до повикот од ФФМ.

„Мојот тренер Мичо Мартиќ и селекторот Иван Божовиќ се добри пријатели, па се така тргна. Селекторот ме следеше мене и моите натпревари, постојано се распрашуваше кај мојот тренер. Еве со задоволство ја прифатив поканата за овие пријателски натпревар, па ќе видиме како ќе оди понатаму“, додаде новиот репрезентативец.

Македонската футсал репрезентацијата на 23 и 25 март на гостински терен ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина во Зеница и Жебче.