ВИДЕО: „Рускиот Рикардињо“ постигна епски погодок, кој вреди да се погледне повеќе пати

Сергеј Абрамов

Португалскиот футсал магионичар Рикардињо е добро познат на светската јавност по своите фантастични голови и трикови на теренот.

Секој футсал играч посакува да биде како него, а на Сергеј Абрамов од Русија тоа му успеа, барем на момент. Русинот, кој настапува за Виз Синара, постигна епски гол за паметење во руското првенство во дуелот против Укхта.

Тој не затрепери во дуелот еден на еден со противничкиот голман и со прекрасна „ламбрета“ го постигна најубавиот погодок во досегашниот дел од шампионатот.