Руски репрезентативец не добил дозвола за влез во Косово

Иван Чишкала, футсалерот на Бенфика не доби дозвола за влез во Косово, за турнир од елитната фаза на Лигата на шампионите. 

Португалскиот тим ќе мора да настапи на овој турнир во Приштина без еден од најдобрите поединци во тимот. Инаку, се работи за репрезентативец на Русија во овој спорт, а при обидот за влез на територијата на Косово, Чишкала добил забрана. 

Бенфика на овој турнир ќе се судри со домаќинот Приштина, словенечкиот клуб Добовец и шампионот на Казахстан, Каират Алмати. Победникот на турнирот оди на „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите.

На првиот меч Бенфика го победи Добовец со 4-3, а Португалците и пред турнирот важеа за прв фаворит.