• Зоран Мишевски
Русија е првиот финалист на европското првенство во футсал, откако по голема драма ја совлада домашната Србија со 3-2 (2-2) по продолженија, во меч кој го следеа преку 11.000 гледачи.
Европските вицешампиони беа поискусни и посреќни и со голот на Ромуло од 44. минута ја совладаа жилавата Србија на Аца Ковачевиќ. Русите двапати водеа со головите на Едер Лима и Абрамов, а домашната репрезентација израмнуваше преку Симиќ и Коциќ.
Голем хендикеп за Русија во саботното финале ќе биде неиграњето на Едер Лима, кој заработи исклучување во финишот на регуларниот тек. Противник на Русија во финалето ќе биде поуспешниот од второто полуфинале меѓу Казахстан и Шпанија.